Актуелно

„Монделез“ го финализира договорот за аквизиција на „Чипита“

10 јан 2022

„Монделез Интернешнл“ објави дека го финализираше договорот за аквизицијата на „Чипита Глобал С.А“, брзорастечкиот лидер во категоријата на производство на кроасани и благи и солени ужинки во Централна и Источна Европа.

Аквизицијата ќе му овозможи на „Монделез“ да понуди широко портфолио на пекарски производи во Европа, задоволувајќи ја растечката побарувачка на потрошувачите за овој сегмент. Исто така, отвора силен потенцијал за иновации, здружувајќи ги познатите брендови како Cadbury и Milka и брендовите за благи и солени ужинки како 7Days. Производите на „Чипита“ веќе достигнуваат две милијарди потрошувачи во повеќе од 50 земји.

„Чипита“ е фантастичен бизнис, изграден врз силни темели од тим од неверојатно талентирани луѓе. Со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на луѓето, омилените брендови и моќното наследство во „Монделез“ во рамки на унапредувањето на нашата стратегија да станеме глобален лидер во производството на ужинки и закуски, вели Винс Грубер, претседател на „Монделез“ - Европа.

Ќе биде формиран привремен менаџерски тим за управување со операциите на „Чипита“ и за поддршка на процесот на интеграција, кој ќе се одвива во 2022 година. Привремениот менаџерски тим, кој е избалансиран спој на искусни лидери ќе го предводи Иво Најденов, кој е во „Монделез“ речиси 20 години и има работено интензивно низ југоисточна Европа.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...