Актуелно

„Кока кола“ ја објави најголемата аквизиција во својата историја

02 ное 2021

„Кока кола“ објави дека ја презела целосната контрола над производителот на спортски пијалоци „Бодиармор“ за 5,6 милијарди долари. Ова е најголемата аквизиција во историјата на компанијата.

Гигантот за пијалаци купи 15 отсто од акциите во „Бодиармор“ во 2018 година, со што стана втор по големина акционер. Кошаркарската легенда Коби Брајант тогаш беше трет најголем акционер по инвестирањето во „Бодиармор“ во 2013 година, само две години по неговото основање. Наследниците на Брајант ќе добијат повеќе од 400 милиони долари од продажбата, пишува „Вол стрет журнал“.

Контролата на „Бодиармор“ и помага на „Кока кола“ да го зголеми својот удел на пазарот на спортски пијалоци, иако Gatorade на „Пепсико“ е неприкосновен лидер на пазарот со речиси 70 отсто удел. Позиционирајќи се на пазарот како поздрав спортски пијалак, Bodyarmor го престигна Powerade во сопственост на „Кока кола“ и стана вториот најголем играч во оваа категорија.

Договорот за „Бодиармор“ е најголемата аквизиција на „Кока кола“, пред купувањето на „Коста кафе“ за 5,1 милијарди долари во 2018  година.

Акциите на „Кока кола“ се зголемија за 3 отсто од почетокот на годината, што и дава пазарна капитализација од 244 милијарди долари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...