Актуелно

„Витаминка“ донира пакети производи за 450 здравствени работници

26 апр 2021

„Витаминка“ донира пакети производи за 450 здравствени работници од Инфективната клиника во Скопје, од Модуларниот Ковид центар во Штип и од Инфективното одделение од Прилеп.

Секој од здравствените работници од овие одделенија во јавните здравствени домови, во пресрет на празникот Велигден доби по пакет производи од „Витаминка“ и пакет масло Брилијант. Од компанијата велат дека целта на донацијата е да ја искажат својата поддршка и благодарност за пожртвуваноста во негата на пациентите и справувањето со состојбата со пандемијата.

Здравствените работници во инфективните клиники остануваат нашите херои во целиот овој период, тие се најмногу изложени на ризик од болеста а истовремено се единствените што можат да ја дадат негата за болните од Ковид-19. Освен поддршката за нив, што треба да биде постојана, можеме да помогнеме само со нашето одговорно и совесно однесување да се заштитиме и нив да ги поштедиме. „Витаминка“, својата поддршка ја изразува и преку оваа донација и уште еднаш ја искажува благодарноста за нивната работа и пожртвуваност, соопштија од компанијата.

Од почетокот на пандемијата „Витаминка“ три пати донираше пакети со производи за медицинскиот персонал во одделенијата каде се згрижени пациенти со Ковид-19, а во повеќе наврати медицински препарати и заштитни средства за инфективните одделенија. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...