Актуелно

Милијардерот Тенис ја продава семејната компанија

01 апр 2021

Германскиот милијардер Клеменс Тенис, познат како „кралот на колбасите“, размислува за продажба на семејната компанија, која е најголемиот германски преработувач на месо.

Сопствениците на „Тенис холдинг“ подготвуваат постапка за продажба за 50-годишнината на компанијата, соопшти „Блумберг“.

Вредноста на компанијата може да се процени на дури четири милијарди евра, а преговорите со потенцијалните понудувачи би можеле да почнат во следните неколку недели. Станува збор за мала група потенцијални понудувачи, вклучувајќи ги американската месна индустрија „Тајсон фудс“, бразилската компанија ЈБС СА и кинеската групација „ВХ груп“.

Сепак, извори наведуваат дека конечната одлука сè уште не е донесена и дека не е сигурно дека преговорите ќе резултираат со продажба на германскиот гигант за месо.

Како што забележува медиумот, потенцијална продажба на оваа компанија доаѓа речиси по една година откако во компанијата имаше масовна инфекција на работниците со коронавирусот во една од нејзините фабрики за пакување. Тогаш фабриката се затвори, а следуваа и критики дека компанијата не се грижела за работниците и дека имале ниски примања.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



БиХ ги ограничи маржите за брашно, леб, млеко...

04 мар 2021

Skopje Marketing Summit ќе се одржи онлајн на 20 мај

04 мар 2021

Ќе има уште 18 нови „Рамстор“ супермаркети и 700 вработувања

04 мар 2021

Горан Теменугов: Хаос

04 мар 2021

Компанија од Србија им плаќа за вакцинирање на работниците

04 мар 2021

(Не)рамноправна трка со странските брендови

04 мар 2021
Вчитува уште новости...