Актуелно

Андреј Беле во управувачкиот тим на „Станиќ“

08 фев 2021

Андреј Беле му се придружи на Зоран Мабиќ на чело на компанијата „Станиќ бевериџис“.

Поради динамичниот развој на работењето на групацијата „Станиќ“, планираните аквизиции и стратешките планови, на чело на управувачкиот тим на „Станиќ бевериџис“ доаѓа Андреј Беле, се наведува во соопштението на хрватската компанија.

Беле (лево на фотографијата) ќе ја извршува функцијата претседател на Управниот одбор на „Станиќ бевериџис“, односно, заедно со  Зоран Мабиќ (десно на фотографијата), ќе биде одговорен за целокупната производствена програма. Мабиќ е нов заменик претседател на Управниот одбор и е одговорен за дистрибуцијата и продажбата.

Во „Станиќ бевериџис“, Беле доаѓа од позицијата генерален директор на стратешката единица кафе во „Атлантик група“. Во својата богата деловна кариера, тој работел во неколку водечки компании од прехранбената индустрија, како што се „Дрога Колинска“ и „Жито“, како и во хотелската компанија „Рогашка Слатина“.

Со знаењето, искуството, експертизата и високата мотивираност, веруваме дека Беле многу ќе придонесе за понатамошно унапредување на стратешкото работење, соопштуваат од групацијата „Станиќ“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Руски гигант отвори маркет во Србија

27 јан 2021

„Барила“ го купи „Катели“ за 107 милиони евра

27 јан 2021

Швајцарците почнаа да прават чоколадо во Србија

27 јан 2021

Горан Теменугов: Надежта последна умира

27 јан 2021

„Лидл“ се регистрираше во Македонија

27 јан 2021

Дел од Балканот повторно се затвора

27 јан 2021
Вчитува уште новости...