Видео вести

(ВИДЕО) Сашо Димоски: Македонскиот пазар како логистички хаб

09 дек 2022

Сашо Димоски e генерален директор на Гебрудер Вајс – Македонијa. Во интервјуто за InStore зборува за деловните трендови за кои компаниите мора да се подготват, за што говореше и на 8 FMCG SUMMIT што се одржа на 27 октомври во Скопје. Логистиката во последните години е драстично интензивирана ако ja разгледувате како број на пратки, волумен итн. Треба да знаете како ќе се справите со огромниот проток на информации и податоци, за што се потребни соодветни системи и промена на начин на размислување. И тоа ќе биде еден од основните постулати за успех на сите компании, истакна во интервјуто Димоски.

Тој ја истакна и предноста на што македонскиот пазар во поглед на логистиката: Ако се земат предвид земјите од соседството Македонија сè уште има предност, бидејќи нашиот пазар, поради географската положба и нашето искуство во работењето е мини логистички хаб за Косово и Албанија. Тој додава дека тоа треба да се искористи, но да се развива пропорционално со развојот на дигитализацијата во логистиката.

Погледнете го видеоинтервјуто:



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...