Видео вести

(ВИДЕО) Верувај во времето – нова кампања на Louis XIII

25 мар 2022

Коњакот Louis XIII ја изразува својата уникатна врска со времето преку оддавање почит на Мајката Земја со едноставна и позитивна порака.

Францускиот луксузен бренд Louis XIII на дестилеријата „Реми Мартин“ го објави филмот „Believe in Time“ (Верувај во времето), кој ја истакнува уметничката елеганција на коњакот преку визуализација на минувањето на времето со луксузен приказ на Мајката Земја.

Главниот лик во филмот е Соланж Ноулс, пејачка и сестра на Бијонсе, која всушност е персонификација на планетата Земја. Преку ликот на Соланж се раскажува долгата историја на Земјата од Големата експлозија до денес.

Соланж Ноулс, т.е. Мајката Земја е облечена во луксузна модна креација на кинеската модна дизајнерка Гуо Пеи, на која ѝ биле потребни повеќе од 2 години за да го изработи фустанот, создаден од скапоцени ткаенини и со вметнати скапоцени камења и метали. Спотот е проследен со соодветна џез-музика, која ја следи и надополнува нарацијата. Филмот е дело на француско-сенегалската режисерка Мати Диоп, добитничка на Гран при на Канскиот филмски фестивал за филмот „Атлантикс“.

Идејата е дека за сè што е вредно, потребно е време, кое е клучот за еволуцијата и неговата моќ е непобитна. Сите чуда на природата се резултат на милијарди години еволуција. Следствено, времето е клучот и за добриот коњак.

Симболот на француската „уметност на живеењето“, коњакот Луј XIII, постои од 1874 година. Од неговото создавање, седум мајстори се наследувале еден со друг, секој продолжувајќи ја работата на претходникот. Преку филмот „Believe in Time“ брендот сака да го истакне токму своето занаетчиско наследство.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...