Видео вести

(ВИДЕО) Rescue Doodles – нова кампања на Pedigree

18 мар 2022

Новата кампања на Pedigree – „Rescue Doodles“ ги поврзува детските цртежи со кучиња со реално милениче што може да го посвојат.

„Rescue Doodles“ (Спасувачки цртежи) е нова заедничка кампања на брендот производи за домашни миленици Pedigree и веб-сервисот за удомување миленици Adopt-a-Pet.

Семејствата што бараат да удомат кученце може да учествуваат во програмата со испраќање порака со текст Doodle на посебен телефонски број, по што ќе можат да го испратат цртежот на нивното дете со куче какво што си замислува. Тогаш семејствата ќе добијат информации за кучињата-двојници од некој близок стационар, кои бараат домови за сместување.

Pedigree ја создаде програмата за да ги ангажира децата во процесот на посвојување миленичиња. Rescue Doodles користи технологии за вештачка интелигенција и машинско учење со чија помош ги препознава и поврзува детските цртежи со достапни кучиња за удомување. Сега нацртаното куче може да скокне од страницата и да влезе во вашиот дом!, се наведува во соопштението на „Марс“, во чија сопственост е брендот Pedigree.

Кампањата е наменета за американскиот пазар и програмата за посвојување кучиња ќе биде достапна до 30 април.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...