Видео вести

(ВИДЕО) „АБ Инбев“ доби нов визуелен бренд-идентитет

26 јан 2022

„АБ Инбев“ ги претстави новото лого и новиот слоган, кои се одраз на новата еволутивна стратегија на компанијата.

Производителот на пиво „АБ Инбев“, чие портфолио ги вклучува глобално познатите брендови Beck’s, Budweiser, Corona и Stella Artois, го редизајнира својот бренд-идентитет со ново лого и слоган.

Новиот визуелен бренд-идентитет е одраз на новата цел и новата еволутивна стратегија на компанијата. Логото претставува круг со внатрешен негативен простор, кој одделува три помали, пресечени кружни површини со златно-жолта боја. Од една страна, логото потсетува на глобус со три континенти, укажувајќи на глобалниот карактер на компанијата, додека од друга страна, гледано одгоре, тоа е икона на три чаши пиво во моментот на наздравување.

Името на компанијата е испишано со бели букви, кои асоцираат на пивската пена, а под нив со златно-жолта, која ја отсликува златната нијанса на пивото и јачменот, стои новиот слоган: „To a future with more cheers“ (За иднина со повеќе здравици).

Новиот визуелен израз подобро претставува кои сме, за што се залагаме и каде сакаме да одиме. Неговиот изглед е инспириран од стремежот за почит на нашето наследство додека гледаме напред. Овој едноставен и модерен дизајн подобро се поврзува со духот на оптимизам, амбиција и славење. Тоа е нашата наша нова цел – да сонуваме големи идеи за да создадеме иднина со повеќе здравици, вели Ричард Опи, глобален потпретседател на „АБ Инбев“.

Новиот визуелен идентитет е дизајниран од глобалната консултантска компанија „Профет“. Според Питер Диксон, креативен директор на компанијата, новиот визуелен и вербален израз совршено ги доловува ревитализираниот корпоративен бренд на „АБ Инбев“ и инспиративната глобална цел.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...