Видео вести

(ВИДЕО) Земјоделецот Дедо Мраз

01 дек 2021

„Морисонс“ го претстави Земјоделецот Мраз во новата празнична реклама, која раскажува како двајца млади пријатели го откриваат вистинскиот херој на Божиќ.

Во новата божиќна реклама на британскиот синџир супермаркети „Морисонс“, насловена „Make Good Things Happen“ (Направете да се случат добри работи), главниот лик е Земјоделецот Мраз. Во ТВ-рекламата од 60 секунди се запознаваме со Farmer Christmas (Земјоделецот Мраз), кој како и Father Christmas (Дедо Мраз), работи цела години за на крај да подели подароци. Во случајов, подарокот е вкусната празнична гозба на трпезите, која не би постоела доколку земјоделците што ја произведуваат храната не работат вредно во текот на целата година.

Рекламата ги следи двете љубопитни деца кои ја откриваат и истражуваат магичната фарма на Земјоделецот Мраз на Северниот Пол, каде што посевите никнуваат одеднаш, бербата се врши со магични летечки комбајни, а суровините се транспортираат со магичните ирваси-камиони... Потоа децата тајно погледнуваат во работилницата на Земјоделецот Мраз, каде што „магични помошници“ (месари, пекари, рибари, цвеќари...) помагаат да се подготват вкусните задоволства за празничната трпеза.

Тие „магични помошници“ всушност се соработниците на „Морисонс“, кои му овозможуваат на трговецот да им понуди свежа храна на купувачите.

Нашата мисија е да направиме добри работи не само за купувачите, туку и за колегите, доставувачите и општеството како целина. Ако малку повеќе се грижиме за тоа како храната расте и се прави, може да направиме добри работи да му се случуваат секому, велат од „Морисонс“.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...