Видео вести

(ВИДЕО) Нова, духовита реклама за пиво

23 фев 2021

Пивските реклами одамна немаат за цел само да го продадат производот. Од пивото, како еден од најпопуларниот пијалак на светот, се очекува да донесе приказна во која купувачот може да се пронајде, емоција која може да ја почувствува или вредност во која ќе се препознае. 

Nikšićko пиво во најновата реклама има шармантни ликови кои благодарение на предизвикувачки времеплов го преживуваат контрастот на животот на планина и се тоа што подоцна го нуди иднината, а истовремено потсетуваат и на заборавени зборови кои во модерниот контекст имаат целосно друг „шмек“, порачаа од „Апатинска пиварница“ која го има овој бренд.

Актерите во рекламата ги „мачат“ вонвременски прашања, грижи и теми, карактеристични за ова поднебје, кои повторно носат незаборавен хумор.

Враќајќи се во времето на настанокот на пивото во Никшиќ, најпознатите пивари во рекламата се прашуваат како старите Црногорци пред повеќе од еден век би реагирале на револуционерната идеја за чешма која точи пиво, на мали метални чаши кои произведуваат карактеристичен звук: „кссссссс“. 

Новата кампања на Nikšićko изобилува со духовити ситуации и дијалози. Тука има и целосно надреални случки, како онаа кога на актерите им снемува Nikšićko и како решение се појавува: Порачај пиво преку меил! 

Погледнете: 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...