Брендот Cadbury, кој е во сопственост на компанијата „Монделез интерншнл“ лансира нова кампања насловена како „Мемори“.
Како дел од кампањата, брендот претстави нова реклама во која гледаме како ќерка на својот татко, кој боледува од Алцхајмерова болест, како роденденски подарок му подарува чоколадо Cadbury со лешник.
Како што истакнува компанијата, целта на кампањата, која е лансирана во соработка со агенцијата „ВЦЦП“ и „Алцхајмер рисрч ОК“, е да се истакне важноста од одржување на односите и великодушноста.
Во Cadbury веруваме дека великодушноста има моќ да ги зближи луѓето. Кампања покажува како дури и мал гест, како давање на подарок чоколадо, може да има длабоко значење и да нѐ поврзе на неочекувани начини. Ние сме неверојатно горди што продолжуваме да работиме со „Алцхајмер рисрч ОК“ за да ги поддржиме во нивната работа, изјави Елиза Бурдит, виш маркетинг директор за Cadbury.
Ја поздравуваме оваа нова реклама од нашиот партнер, Cadbury, која раскажува трогателна приказна за великодушноста. Сигурен сум дека секој што ќе ја гледа „Мемори“ ќе биде неверојатно трогнат, особено оние кои лично биле погодени од деменција. Би сакале да му се заблагодариме на Cadbury што на овој начин го предочи вниманието на јавноста за деменцијата, бидејќи тоа ќе помогне да се подигне свеста и да се поддржат луѓето да имаат разговори на оваа тема, изјави Хилари Еванс-Њутон, извршна директорка на „Алцхајмер рисрч ОК
Кампањата е дел од пошироката платформа на брендот „There's a Glass and a Half in Everyone“, која има за цел да ја истакне важноста на малите дела на добрина и великодушност.
Извор: Instore.rs
Фото: Cadbury
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.