Маркетинг

Хрватска: „Загрепска пивара“ и Ивица Костелиќ со нова кампања (Видео)

10 јун 2024

„Загрепска пивара“ во соработка со хрватскиот спортист, Ивица Костелиќ, ја претстави новата кампања за својот пијалак Hidra.

Како спорстисти, одржувањето на хидратизацијата е клучно за моите перформанси, а потоа и за опоравување. Hidra стана искучително важен дел за моите секојдневни рутини и навистина ми помага да останам хидриран и фокусиран кога тренирам или кога уживам во слободното време, изјави Ивица Костелиќ, долгогодишен амбасадор на брендот Hidra.

Како што истакнуваат од компанијата, трендовите покажуваат дека после пандемијата 60% од потрошувачи на глобално ниво повеќе се грижат од порано за своето физичко здравје, а 63% од нив се грижат за нутритивните вредности на производите кои ги внесуваат во својот организам.

Покрај новата кампања, претставен е и новиот визуелен идентитет и слоганот на брендот кој гласи „Уживај природно“, а новата амбалажа може да се најде на полиците во продавниците низ целата држава.

Нашите потрошувачи се сите оние кои имаат многу обврски, но сакаат успех и го даваат својот максимум при решавањето на сите животни предизвици. Поради брзото темпо на живот често немаме доволно време за квалитена исхрана и одмор кој што е потребен за организмот, поради што често мораме да посегнеме за нешто што ќе ни помогне. Hidra е посветен партнер во секој момент,кога сме во гужва и кога уживаме во заслужената пауза, а новиот визуелен идентитет ја покажува нашата посветеност за квалитетот и задоволството кај потрошувачите, изјави Иван Јонјиќ, специјалист за брендовите во „Загрепска пиварница“.

Извор: InStore.hr

Фото: „Загрепска пиварница“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...