Маркетинг

Германија: „Лидл“ лансира нова кампања за Божиќ (Видео)

13 Nov 2023

„Лидл“ ја лансира новата глобална кампања во пресрет на Божиќ, а воедно и  првата реклама која е резултат на соработката на компанијата од шест земји.

Рекламата започнува со ракун кој низ прозорец љубопитно гледа една фамилија додека ја украсуваат новогодишната елка. Нивното куче случајно ќе го скрши божиќниот украс на детето, а  мајката сакајќи да го развесели својот син, оди да купи кадифена играчка-мајмун во „Лидл“, но ќе и испадне на патот до дома.  Кога ќе ја види изгубената играчка, ракунот стапува во акција, го поминува цел град на разни начини, качувајќи се на патокази, преминувајќи преку река..за да стигне до фамилијата и да ја остави играчката под елката.

Рекламата ќе се прикажува на меѓународните пазари на „Лидл“, за да ги потсети гледачите, колку многу влијаат малите дела на љубезност за време на празничната сезона. Во рамките на кампањата,  од „Лидл“ ќе се покренат различни акции, како што се наградни игри и собирања на донации преку купување на кадифениот ракун во продавниците на „Лидл“.

 

              

 

Извор: Little black book

 Фото: Lidl



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...