Маркетинг

Герила-кампања на Colgate: Моќта на насмевката

03 ное 2022

Новата герила-кампања на Colgate во Бразил промовира акции за орално здравје кај младите потврдувајќи ја моќта на оптимизмот со повисока цел.

Преку партнерство со невладината организација „Аутдор социал“, брендот за орална хигиена Colgate шири насмевки низ девет населби во четири града во Бразил. Герила-акцијата, која ги трансформира домовите на жителите од сиромашните бразилски населби во смешковци, е дел од глобалната кампања на Colgate – „Моќта на насмевката“ (The Power of a Smile).

Насмевките што ги красат фасадите на домовите се симбол на позитивност и се дел од планот на Colgate да внесе искра радост во сиромашните бразилски области. Препознатливиот мотив на насмевка е додаден меѓу паровите прозорци со кои формира уникатно „насмеано лице“.

Кампањата го користи психолошкиот феномен на пареидолија, што е тенденција за некоја форма да се перципира како да е човечки лик или животно. Затоа, со само два прозорци и една крива линија, луѓето во нивните глави создаваат слика на насмеано лице.

Жителите што ги изнајмиле фасадите на Colgate ќе бидат финансиски надоместени, а сите деца од јавните училишта на возраст од 11 до 17 години ќе добијат бесплатна орална нега од стоматолошки професионалци, вклучително и разговор за хигиената и за индивидуалните контролни прегледи. Се очекува во програмата да бидат вклучени околу 1.000 деца.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...