Анализи

Велика Британија: „Алди“ им помага на локалните производители на јаболка

11 јун 2024

Во Велика Британија, „Алди“ инвестира во локалните производители на јаболка. Количински гледано, германскиот дисконтер е најголемиот купувач на британските јаболка. После сличните потези од „Лилд“ во секторот за производство на свинско месо, „Алди“ сега ќе ги обезбедува своите синџири за снабдување со ова клучно овошје во Велика Британија. Просечната годишна инвестиција на „Алди“ е речиси четири пати поголема од јавното финансирање на британската влада вкупно за сите овоштари.

Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар

Во следните 20 години „Алди“ има во план да инвестира 750 милиони фунти во фарма за овошје во Кент. Договорот вклучува создавање на локации од 200 хектари, кај неговиот екслузивен добавувач со британски јаболка, „АЦ Гоатам Сон“, кои ќе бидат познати како „Алди овоштарник“. Со посветеност кон германскиот дисконтер, одгледувачот планира да засади дополнителни 100 хектари со јаболка, кои ќе бидат исклучиво за „Алди“. Според зборовите на фармерите, работата со „Алди“ од 2016 година досега е зголемена за пет пати.

Според податоците на Здружението за индустрија, „Бритиш еплс анд пеарс лимитед“,  шест месеци по ред, до март годинава, „Алди“ беше најголемиот купувач на британските јаболка. Што се однесува на количината, за овој период  германски дисконтер всушност купил повеќе јаболка и круши во земјата отколку лидерот на овој пазар „Теско. Според податоците на Здружението, „Алди“ купил 21.527 тони, „Теско“ 21.194 тони, додека ривалот „Лидл“ бил четврт со 17.206 тони.

Како и кај неодамнешните инвестирања на „Лидл“ во одгледувањето на свинско месо, долгорочното снабдување со јаболка е приоритет за „Алди“. Пазароното позиционирање на германските дисконтери многу повеќе зависи од домашните британски јаболка и круши, отколку што е тоа случај кај нивните конкуренти, британските супермаркети. „БАПЛ“ ја објави месечната статистика за продажбата во сегменотот на прехранбени производи во Велика Британија. Што се однесува на уделот во категоријата за вкупната малопродажба, германските дисконтери продаваат несразмерно повеќе од британските трговци. Во април 2024 година, пазарниот лидер „Теско“ имал 27,4% удел на пазарот на прехранбени производи и продал 27,6% од сите британски јаболка и круши. Кај „Саинсберис“ тие бројки изнесуваат 15,3%, односно 16,2%. „Алди“ имал 10% удел на пазарот со прехранбени производи и продал 22,1% овошје. За „Лидл“ бројките изнесуваат 8% и 14,3% удел во продажбата на овошје.

На преминот во 2024 година, британските медиуми објавија дека одгледувачите на јаболка во Велика Британија живеат на работ на опстанокот, а трошоците во минатата година пораснале за 30 отсто, додека продажните цени во супермаркетите пораснале за само осум отсто. Според неодамна објавениот индекс на „Фуд сејфти“ за 2024 година на британската влада, свежиот зеленчук произведен  во земјата може да   задоволи само 55% од домашната потрошувачка, додека за свежото овошје  тој однос изнесува 17%.

Според очекувањата на Националните земјоделски здруженија, годинешните временски услови веројатно ќе доведат до понизок принос на фармите во Велика Британија во однос на минатите години. Експертите од индустријата предвидуваат дека слични услови во останатиот дел од Европа би можеле да доведат до значително пореметување на цените на свежите производи. Владата на Велика Британија планира да биде замаец за земјоделскиот сектор во земјата, така што ќе го зголеми двојно јавното финансирање на 80 милиони фунти, од кои 10 милиони фунти ќе бидат наменети за овоштарите. Годишната инвестиција на „Алди“ во просек ќе изнесува над 37 милиони фунти.

Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.

 

Фото: Pexels

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...