Анализи

„Пикаса“: Смрзнатата храна под радарот на медиумите

17 ное 2022

Во македонскиот интернет-простор, во текот на изминатите десет месеци, биле објавени 64 вести во кои се зборувало за смрзнатата храна, што е 75% од вкупниот број на објави за оваа категорија

„Пикаса аналитикс“ изработи анализа на податоците од медиумските вести и објавите на социјалните мрежи на тема смрзната храна во Македонија за период од јануари до октомври 2022 година.

Смрзнатата храна во компарација со кондиторската индустрија добила дури 80 пати помалку реакции од публиката.

За смрзнатата храна, исто така, има 50 пати помалку вести отколку за кондиторската индустрија.

За оваа цел, „Пикаса аналитикс“ го разгледува и анализира присуството на смрзната храна во три категории: вести, комерцијални објави и објави од инфлуенсери. Во македонскиот интернет-простор, во текот на изминатите десет месеци, биле објавени 64 вести во кои се зборувало за смрзнатата храна, што е 75 отсто од вкупниот број објави за оваа категорија.

Бројот на вести од медиуми е 20 пати поголем од бројот на објави од инфлуенсери, а 3,5 пати поголем од бројот на комерцијални објави.

Мноштвото од медиумските вести се однесуваат за тргување, увоз и извоз, како и ценовни разлики на замрзнатата храна.

За истиот временски период биле објавени 18 комерцијални објави, што преточено во проценти изнесува 21 отсто од вкупната бројка. Тоа што го забележавме е дека сите комерцијални објави доаѓаат од производители и супермаркети и се однесуваат на промотивни и акциски понуди.

Комерцијалните објави зафаќаат малку поголем простор од вниманието на публиката, т.е. 1.545 реакции, што покажува дека ним им припаѓаат 43 отсто од вкупниот број допаѓања, споделувања и коментари за замрзната храна.

Комерцијалните објави имаат најголема апсолутна бројка на реакции од публиката, иако нивниот број на реакции по објава е веднаш зад категоријата на инфлуенсерите.

Инфлуенсерите имаат само три објави, односно 4 отсто од вкупниот број објави за смрзната храна, но заклучокот е дека нивните објави привлекуваат најмногу внимание. Тие можеби имаат незначителен број објави, но добиле најголема интеракција од страна на публиката по објава, т.е. 341 реакција по објава.

 

Методологија:

„Пикаса“ ја користи својата онлајн-платформа Analytics.live за да следи во реално време повеќе од 1.300 медиуми и илјадници канали на социјалните медиуми во шест земји од Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Република Северна Македонија), како и Бугарија, Украина и Молдавија. Платформата за аналитика ги прикажува медиумските написи заедно со нивната соодветна пенетрација на платформите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, Twitter, YouTube, TikTok и Telegram) броејќи ги сите видови активности и реакции (допаѓања, споделувања и коментари).

„Пикаса“ има над 12 години искуство во науката за податоци, развој на алгоритми, вештачка интелигенција и машинско учење. Таа им нуди на компаниите, организациите и институциите пристап до единствени податоци од над 1.300 медиуми и илјадници канали за социјални медиуми. Во комбинација со искусен тим од доктори на науки за податоци, дата-аналитичари и високи медиумски експерти, развивме неколку производи за следење на медиумите во реално време и технолошки капацитет за создавање приспособени решенија. Успеавме да одговориме на некои од најпредизвикувачките прашања во врска со употребата на дигитални и социјални медиуми за ширење пропаганда, сентимент, идентификување канали и спроведување истражувачки работи.

Во последните 2 години, преку мониторинг и консултации, им помогнавме на повеќе од 30 медиумски канали и над 50 компании да ги зголемат и максимираат своите резултати, користејќи техники за пристап до поширока публика.

Контакт: Ема Муратова, Regional Manager во „Пикаса Ааналитикс“

Е-адреса: ema@pikasa.ai

Мобилен: 071 233 673

Тел: +389 2 3212-812

Адреса: Бул. „Крсте Мисирков“, 7 ЛАМ.Ц2/14 , ТЦ Мавровка 1000 Скопје

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...