Анализи

Еуромонитор: Прехранбениот национализам како контратренд

13 јан 2021

Потрошувачите со гордост ги консумираат локалните производи, не само за да ја поддржат локалната економија, туку и за да уживаат во традиционалната храна во своето локално место.

Извор: „Еуромонитор интернационал“

Во последните неколку години потрошувачите сѐ повеќе ја прифаќаат глобализацијата на храната и нејзината поврзаност со искуствата. Интернационалните кујни заземаат сѐ поголем удел за сметка на локалните, но истовремено, во многу земји може да се забележи и повторно враќање кон локалните кујни. Во претходниот период на пандемија на коронавирусот, глобалните трендови продолжија да се развиваат преку дигиталните платформи, а локалната храна добива нова улога како средство за поддршка на локалните економии, додека потрошувачите трагаат по состојки во кои имаат најголема доверба и најдобро ги знаат.

Фокусот кон искуството ја засилува глобализацијата на храната

Можете ли да наведете едно локално јадење за кое сте целосно сигурни дека може да се најде единствено во вашата земја и во градот каде што живеете? Храна достапна само таму каде што сте вие – тоа е феномен што сѐ уште не се случил во мултикултурните градови низ целиот свет. Во денешниот глобализиран свет нема многу локални кујни или дури и состојки кои гурманите не ги искусиле надвор од местото на нивното потекло.

Локалната храна добива нова улога како средство за поддршка на локалните економии, додека потрошувачите трагаат по состојки во кои имаат најголема доверба и најдобро ги знаат.

Забрзаната глобализација на исхраната на потрошувачите во голема мера е последица на зголеменото вреднување на искуството наместо на материјалните работи. На многу пазари поимот среќа многу често се поврзува со поседување на „посакуваните“ работи, како што се, на пример, скапи часовници, автомобил или дизајнирани модни додатоци.

Денес потрошувачите од сите генерации во сѐ поголема мера ги ценат искуствата наместо материјалните предмети. Забележливиот пресврт се случи од 2016 до 2020 година. Овој феномен уште повеќе е изразен во големите градови, каде што консумацијата на нови вкусови – честопати храна од другите земји – претставува едно од најпопуларните искуства (графикон 1).

Подем на прехранбениот национализам

Истовремено, се зголемува прехранбениот национализам како контратренд на глобализацијата на храната. Потрошувачите одново размислуваат за сопственото потекло и сѐ повеќе ја ценат локалната култура. Претходно запоставената локална традиција многу генерации сега ја гледаат како значаен дел од сопственото историско наследство. Потрошувачите со гордост ги консумираат локалните производи, не само за да ја поддржат локалната економија, туку и за да уживаат во традиционалната храна во своето локално место.

На глобално ниво, 26% од испитаниците детално ја проучуваат земјата на потекло на производите што ги купуваат.

Потрошувачите сѐ повеќе обраќаат внимание на тоа од каде доаѓа храната, не само поради транспарентноста, туку и поради потеклото на храната. Тие подробно проверуваат каде се произведуваат производите што ги купуваат. Кога станува збор за преференците на состојките, потрошувачите високо ја рангираат земјата на потекло. На глобално ниво, 26% од испитаниците детално ја проучуваат земјата на потекло на производите што ги купуваат. Локалните вкусови и состојки ги привлекуваат потрошувачите што живеат во денешниот глобализиран свет, додека трагаат по автентично искуство, кое е носталгично за нив. Тие го негуваат тој момент на смиреност што им го носи храната.

Иновација на вкусот: ефикасна во стратегиите за глобализација и локализација

Последните пет-шест години глобалните брендови, како што се Heinz и Hellmann's, го прошируваат портфолиото на производи со состојки од локални вкусови (на пример, доматен кечап Heinz Sriracha и сос Hellmann’s Brazilian Spicy Churrasco). Потрошувачите сѐ повеќе го ценат тоа што егзотичните ароматизирани зачини лесно и брзо можат да ги направат нивните оброци уште повкусни. Продажбата на зачини на глобално ниво бележи пораст од 2014 до 2019 година.

Занаетчиските брендови имаат голема улога во иновацијата на вкусовите. Тие честопати ги враќаат во живот запоставените локални традиционални вкусови или состојки на пазарот.

Истовремено, глобалните производители на прехранбени производи се сѐ поактивни во лансирањето на локални вкусови на глобалните брендови на многу пазари. На пример, Pringles нуди компиров чипс со вкус на краба во Русија и со вкус на супа рамен со соја-сос во Јапонија, покрај глобално популарните вкусови.

Занаетчиските брендови имаат голема улога во иновацијата на вкусовите. Тие честопати ги враќаат во живот запоставените локални традиционални вкусови или состојки на пазарот. Потрошувачите ја ценат интеракцијата со брендот бидејќи може да се поврзат со филозофијата на компанијата и со сопствените корени.

Ковид-19 е закана за глобализацијата на храната, но не може да ја запре

Забраната за патувања и за излегување ги поттикнаа луѓето да уживаат во егзотичната храна. Побарувачката, во одредена мера, беше задоволена преку дигиталните платформи. Кога станува збор за храната, иако беа дома, потрошувачите и понатаму беа во можност да откриваат нови култури преку различни емисии за готвење и патување или уживаа во новите експериментални оброци, нарачувајќи храна преку компаниите за достава.

Со оглед на загриженоста за здравјето и стресот поврзан со неизвесноста што ја носи иднината, локалната храна сега нуди чувство на безбедност и на припадност.

Проблемите во снабдувањето и преминот на локалните синџири на снабдување до одредена мера ќе ја забават глобализацијата на храната. Со оглед на загриженоста за здравјето и стресот поврзан со неизвесноста што ја носи иднината, локалната храна сега нуди чувство на безбедност и на припадност. Преминот на локалната храна е поврзан со емотивната состојба на купувачот, со оглед на тоа што храната е решение за исполнување на неговата емотивна потреба, исто како и потребата за храна.

Сепак, љубопитноста на потрошувачите да учат за другите култури и нивната потреба за прифаќање на различноста нема да исчезнат. На пример, со користењето на егзотичните зачини за да ги направат оброците повозбудливи или нарачувањето храна од кујните во земјите каде што сонуваат да одат преку сервисите за достава, потрошувачите ќе продолжат да трагаат по егзотични кулинарски искуства, особено додека се забранети интернационалните патувања.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Зелена економија: Освежување во модерното работење

01 ное 2020

Тема на InStore: Каде одат македонските производи?

01 ное 2020

ИГД: Четири лекции од четири формати продавници

01 ное 2020

ИГД: Како ќе се развива пазарот на храна по Ковид-19

01 ное 2020

Напредок, стремеж или преживување?

01 ное 2020

ИГД: Запознајте ја генерацијата P

01 ное 2020
Вчитува уште новости...