Одржани

Дигитален маркетинг

14 сеп 2018

Бројот на лајкови и постови не е тоа што го прави вашиот дигитален маркетинг.

Научете ШТО да побарате од специјалистите што го водат дигиталниот маркетинг на вашиот бренд.

КАКО до прецизно читање на резултатите и правилно интегрирање во целокупниот маркетинг микс на брендовите.

ЦЕЛИ НА РАБОТИЛНИЦАТА:
• Едукација на членовите од тимовите за маркетинг на темата дигитален маркетинг и нивно оспособување за ефективна и ефикасна комуникација со специјалистите за дигитални медиуми и дигиталните маркетинг-агенции, со цел успешно управување со брендовите. 
• Дознајте ги најважните дигитални трендови кои ќе го променат пејзажот на бизнисот во годините што доаѓаат.
• Запознајте се со целите и специфичностите на дигиталниот маркетинг и дигиталниот шопер-маркетинг.
• Запознајте се со најважните алатки на дигиталната аналитика и метрика. 
• Дознајте за специфичностите на дигиталниот маркетинг и дигиталното огласување, како и за развиеноста на онлајн-продажбата во регионот.
• Совладајте ги најважните принципи и комуникациски канали на дигиталниот маркетинг и дигиталното огласување. 

ДЕН 1:
• Најважните дигитални трендови;
• Од традиционален кон дигитален маркетинг;
• Маркетинг преку сите канали (omnichanel marketing);
• Маркетинг базиран на содржина (content marketing);
• Маркетинг преку е-меил;
• SEO (Search engine optimization);
• SEM (Search engine marketing);
• Маркетинг на социјални медиуми;
• Интерактивен маркетинг (engagement marketing).

ДЕН 2:
• Дигитален шопер-маркетинг (shopper marketing);
• Дигиталниот маркетинг во регионот: најважни трендови;
• Трендови во онлајн продажбата во регионот.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА
За маркетинг професионалци во интернационални компании, трговски синџири и мали и средни претпријатија, на следните позиции:
• бренд-менаџери
• сениор бренд-менаџери
• маркетинг менаџери

ЗА ПРЕДАВАЧОТ:
Дарко Лукиќ, консултант и поранешен регионален директор за маркетинг на „Хенкел“. Со 20 години работно искуство во маркетинг, во агенции за истражување на пазарот и адвертајзинг, како и во водечки мултинационални компании.

Од 2007 до 2015 година на позицијата регионален директор за маркетинг на „Хенкел“ за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и Албанија.

Моментално работи како маркетинг консултант за водечки српски компании и невладини организации во Агенцијата за менаџмент и маркетинг консалтинг, што ја има основано самиот. Клиенти: UNICEF, Yuhor, Mioni, Fun&Fit, Danubius, Nectar Group (Nectar, Fructal). 

КОТИЗАЦИИ:
1 лице – 230 евра
2 лица од компанија – 220 евра по лице
3 лица од компанија – 210 евра по лице
4 и повеќе лица од компанија – 200 евра по лице
(Цените се без ДДВ)

Во котизацијата се вклучени:
- 2 паузи за кафе;
- Ручек;
- Материјали за работилниците во печатена и во електронска форма;
- Сертификат за успешно завршена работилница.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...