Одржани

Лидер – свој на своето

14 фев 2018

На 15 и 16 март, во организација на магазинот InStore, ќе се одржи дводневната работилница „Лидер – свој на своето", наменета за HR менаџери, менаџери, лидери на помали и поголеми тимови, како и за лидери со богато искуство. 

Работилницата со уникатна и модерна методологија за развој на врвни лидери, ќе ја водат Тијана Дониќ Ковачевиќ и Станислава Несторовиќ.

ЦЕЛ НА РАБОТИЛНИЦАТА

  • Ќе научите како да ги воочувате и да ги промените работите што се случуваат во вашите тимови, а на прв поглед не се видливи;
  • Ќе работите на развој на својот „mindfulness" – ќе научите брзи и ефикасни техники што ќе ви помогнат во фокусирање и елиминација на стресот;
  • Ќе ги совладате неопходните комуникациски техники за успешно лидерство;
  • Ќе ги откриете убедувањата што парализираат и што ја забавуваат тимската работа и ќе направите план за нивна елиминација;
  • Ќе создадете вистинска хемија во вашите тимови – примена на невронауките во лидерството;
  • Вистинска можност да се вмрежите и да разменувате искуства со колегите од други компании во интерактивно и опуштено опкружување.

ЛИДЕР – СВОЈ НА СВОЕТО

ДЕН 1: Јас – освестен лидер

Дали се посветува внимание на емоциите на лидерот? Има ли место за нив во организациската шема? Ако нема, каде се „сместуваат" и како влијаат на резултатите?

  • Организациско фенг шуи – откривање на „идеалниот" распоред на видливото и скриеното во тимот и во компанијата;
  • Со проективна техника на цртање до откривање на нашиот лидерски идентитет и вистинските улоги што ги носиме како лидер;
  • Mindfulness во лидерството – практични техники за канцелариска употреба;
  • Работа на елиминација на личните блокирачки убедувања – ТОП практики како да го победиме нашиот „внатрешен судија".

ДЕН 2: Јас, лидерот, со својот тим на „ти"

Што е со емоциите на членовите на тимот? Дали се тие важни? Ако не се, што е тоа што понекогаш ги кочи резултатите, а апсолутно сè сме направиле како што треба?

  • Невронаука во тимови – како мозокот влијае на тимската работа и како да го искористиме тоа;
  • Како да се разберат одбранбените тимски однесувања и активно да се дејствува на нив;
  • Како да го откриеме невидливото и деструктивното и да го поттикнеме видливото и конструктивното во тимската динамика;
  • Кои техники ги користи добриот лидер во комуникацијата со колегите.

ЗА ПРЕДАВАЧИТЕ:

Тијана Дониќ Ковачевиќ, психодинамички организациски консултант

Дипломиран психолог на Филозофскиот факултет во Белград. Сертифициран организациско-системски консултант, со повеќегодишно лидерско искуство во корпоративниот свет. 17 години работа со водечки регионални и странски корпорации.

Раководителка на проекти за повеќе од 250 различни клиенти, од мултинационални компании до мали организации. Креирала и организирала разновидни работилници на различни теми (од развој на вештини до едукација на тренери, како во областа на маркетингот и истражувањата, така и во областа на унапредувањето на човечките односи).

Во својата кариера дискутирала со повеќе од 8.000 потрошувачи.

Станислава Несторовиќ, психодинамички организациски консултант

Искуство и референци Магистер по HR-менаџмент и тренер и HR-консултант со богато корпоративно (интерно и екстерно) искуство, на разновидни проекти за унапредување на луѓето и тимовите, како што се: вештини за комуникација, презентирање и јавен настап, решавање конфликти, менаџерски вештини, управување со времето и стресот, програма за развој на емоционалната интелигенција.

Сертифицирана за организациски системски консалтинг и тренер за асертивно однесување, а поседува и сертификација од страна на Институтот CIPD од Лондон, за изведување тренинзи во областа на развојот на луѓето. Таа е самостоен консултант и сопственик на агенцијата „Одос консалтинг".

КОТИЗАЦИИ:

1 лице – 230 евра

2 лица од компанија – 220 евра по лице

3 лица од компанија – 210 евра по лице

4 и повеќе лица од компанија – 200 евра по лице

(Цените се без ДДВ)

Во котизацијата се вклучени:

  • 2 паузи за кафе;
  • Ручек;
  • Материјали за работилниците во печатена и во електронска форма;
  • Сертификат за успешно завршена работилница.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...