Нови

Masterclass со Tony Durham Бихејвиористичката наука во функција на успешните бизниси

22 Nov 2024

Ексклузивно ви најавуваме - Tony Durham на 2 април 2025 година повторно во Скопје, со обука наменета за професионалци за продажба и маркетинг. Како однесувањето на потрошувачите да го ставите во функција на врвни деловни резултати.

Запознајте ги вашите потрошувачи подобро и носете прецизни бизнис одлуки. Користејќи ги принципите на психологија, социологија и економија, дознајте како да идентификувате, анализирате и применувате когнитивни стратегии кои можат да ги подобрат продажбата и маркетингот.

ЗА ОБУКАТА
Обуката ги води учесниците низ широкиот спектар на бихејвиоралната наука и концептите за когнитивна психологија кои експертите за продажба и маркетинг можат да ги применат во своето тековно работење. Учесниците ќе го разгледаат однесувањето на купувачите и потрошувачите од поинаква перспектива, генерирајќи низа нови идеи и концепти кои можат да ги применат во контекст на своите брендови.

Користејќи го моделот MINDSPACER обуката ќе им помогне на учесниците да разберат како човечките предрасуди и наученото однесување може да се искористат за да се подобрат резултатите во продажбата и маркетингот, а истовремено да се подобри задоволството на купувачите и потрошувачите.

Messenger │Кој ја пренесува пораката: Потрошувачите се под силно влијание на тоа од кого ги добиваат информациите.

Incentives │ Тригери: Однесување предизвикано од широк спектар на стимулации кои можат силно да влијаат на одлуките при купување.

Norms │ Општествени норми: Потрошувачите се под силно влијание од однесувањето на другите.

Defaults │ Повторувачки одлуки: Ги избираме опциите кои се веќе претходно понудени. Го избегнуваме напорот за донесување на нова одлука.

Salience │ Истакнување: Вниманието на потрошувачите е насочено кон тоа што е ново, невообичаено и е релевантно за нив.

Priming │ Подсвесни влијанија: Одлуките за купување се обликувани од подсвесни влијанија и информации.

Affect │ Емоционално влијание: Емоциите на потрошувачите моќно ги формираат нивните одлуки и нивното однесување.

Commitments │Заложби: Потрошувачите се стремат да бидат доследни на нивните јавни ветувања и однесување.

Ego │ Его: Однесувањето е водено од потребата да се чувствуваме подобро во врска со себе си.

Reciprocity Реципроцитет: Чувствуваме обврска да возвратиме на услугите кои се направени за нас.

 

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА

  • професионалци за продажба 
  • професионалци за маркетинг
  • професионалци за трејд маркетинг

ПРИЈАВИ СЕ!

  • LinkedIn профил на Tony Durham
  • 35 години на раководни позиции во компанијата P&G
  • Последната деценија од кариерата во оваа компанија ја обележува неговата работа на позицијата директор на SBD (Shopper Based Design) за регионот на Европа, Индија, Африка и Блискиот Исток.

 

         

ЗА ПРЕДАВАЧОТ

Tony Durham е светски признат експерт за психологија и однесување на купувачите. Кариерата ја почнува  во 1982 година во Procter & Gamble, каде што го стекнува своето експертско искуство цели 35 години. За време на неговото работење во P&G, Durham обучувал некои од водечките светски менаџери на брендови за тоа како би можеле да го променат својот бизнис за подобро да ги сфатат потребите на купувачите и да го зголемат профитот.

Последната деценија од неговата работа во оваа компанија ја обележува неговата работа на позицијата директор на SBD (Shopper Based Design) за регионот на Европа, Индија, Африка и Блискиот Исток.

Следниот голем чекор во неговата кариера е развивањето на концептот на регионалните центри  „First Moment of Truth (FMOT)” кои имаат за цел да ги подигнат стандардите во трговијата преку собирање и користење на најдобрите практики и релевантни знаења за однесувањето на купувачите. Со време, овие центри стануваат место каде што компаниите можеа да ја тестираат ефикасноста на своите идеи со помош на физички инсталации и виртуелна реалност. Денеска овие центри се присутни низ светот и претставуваат важен адут за многу светски компании.

Во 2017 година Durham основа консултантска компанија, Tony Durham Consulting Limited, со цел да им помогне на компаниите да развијат стратегии и да ги зголемат приходите.

 

Цена по учесник:  299 евра (ДДВ не е вклучен во цената)

Во цената на котизацијата е вклучено следење на предавањето, сертификат, ручек, пијалаци и кафе за време на паузите.

Пријавување на: meri@instore.mk; edukacija@instore.mk

Телефон: 071 262 441, Мери Каталиниќ

 

* Обуката ќе биде на англиски јазик без превод.

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...