Нови

Модул 6 – Виртуелни преговори со Даворка Биондиќ Винце

04 мар 2021

Зошто денес е неопходно да се совлада вештината на виртуелно преговарање... Онлајн-обука со Даворка Биондиќ Винце на 12 март, од 9 до 12 часот

ШТО СЕ ТОА ВИРТУЕЛНИ ПРЕГОВОРИ И ЗОШТО ДЕНЕС Е ПОТРЕБНО ДА СЕ СОВЛАДААТ?

  • Влијанието на петте сетила врз успехот во преговарањето;
  • Предности и недостатоци на секој облик на виртуелно преговарање.

Пријава: 80 евра + ДДВ

За повеќе информации: Срме Серафимовска, srme@instore.mk 070 375 220

Кога и како да се преговара преку е-пошта?

  • Предности и недостатоци;
  • Најчестите грешки;
  • Што кога ќе добиеме мејл со агресивен тон и закани?
  • Како да дадете барање преку е-мејл?

Како да се преговара преку телефон?

  • Предности и недостатоци;
  • Најчестите грешки;
  • Планирање на телефонското преговарање;
  • Структура на преговорите преку телефон;
  • Кога е препорачливо да се преговара преку телефон?

Како да се преговара преку видео-платформи и апликации (Zoom)?

  • Предности и недостатоци;
  • Најчестите грешки;
  • Структура на преговорите преку видео-платформи;
  • 6 чекори во виртуелните преговори;
  • Кога е препорачливо да се преговара преку видео-платформи?

Како преговараат жените, а како мажите?

  • Биолошки предности и недостатоци;
  • Кој е најуспешниот преговарач на светот и зошто?

Методи на работа:

  • Предавање;
  • Видео-клипови;
  • Скрипта во ppt-фајл.

Организатори: 

Даворка Биондиќ Винце, тренер за преговарање

Дипломиран економист на Економскиот факултет во Загреб и сопственичка и директорка на ДОО „Бионди“.

Своите знаења во подрачјата менаџмент и деловно преговарање ги усовршувала на деловните школи во Германија: MMCT во Хановер, „HAUFE Akademie“ во Брецфелд, „COMMAX Consulting AG“ во Минхен и „GABLER Management Institut“.

25-годишно искуство на менаџерски позиции во домашни и интернационални трговски синџири – 11 години член на Управата за набавка и прокурист во германската групација „Лидл & Шварц“ (во трговскиот синџир „Кауфланд“, кој е во исто сопствеништво со „Лидл“). До март 2012 година била директор за набавка во австрискиот трговски синџир „Шпар“ (преговарала и за „Метро“, со оглед на тоа што „Шпар“ и „Метро“ – Хрватска соработуваат на полето на набавките). Самостојно водела повеќе од 10.000 преговори со домашни и интернационални партнери и била одговорна за набавна вредност на стока во висина од 200 милиони евра.

Добитничка е на наградата на Меѓународниот економски форум за придонес во претприемништвото во Средна и во Југоисточна Европа „Креатори на столетието“ за 2015 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...