Свет

Работната клима во Германија се подобрува трет месец по ред

27 јул 2020

Во Германија трет месец со ред се подобрува работната клима. Најголемата европска економија со големи чекори се придвижи во насока на опоравување, е заклучокот во Извештајот објавен денеска од страна на германскиот институт „Ифо“.

Индексот на работната клима кој го изработува овој институт за економски истражувања се темели на анкети врз приближно 9.000 германски компании, а во јули во однос на претходниот месец забележан е раст од 4,2 бодови, и сега тој изнесува 90,5 бода.

Аналитичарите предвидуваа поскромен раст, на околу 89,3 бодови. Вредностите под 100 бодови покажуваат негативни изгледи.

Податоците за јули покажуваат дека индексот на работната клима во Германија почна да расте откако во април падна на најниско ниво од 74,3 бодови од почетокот на анализирањето на овие податоци.

Компаниите беа значително задоволни со својата моментална работна ситуација. Исто така се внимателно оптимистички расположени во поглед на престојните месеци, изјави претседателот на институтот, Клеменс Фуест.

Според него германската економија се опоравува „чекор по чекор“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...