Свет

TikTok ќе работи и со брендови

25 јун 2020

TikTok лансираше нова платформа наречена „TikTok for Business“ со цел да им овозможи на брендовите да се огласуваат внатре во апликацијата. 

Од компанијата соопштија дека новата платформа ќе им овозможи на трговските марки и на трговците алатка за креативен ангажман со корисниците и пласирање на нивните производи на пазарот на TikTok заедницата. 

Брендовите ќе можат да креираат сопствена содржина, како и да се поврзуваат и да соработуваат со познати инфлуенсери и креатори на содржина кои веќе се активни на TikTok. 

TikTok исто така лансираше и ефект на виртуелна реалност, со што им овозможува на корисниците искуство на „проширена реалност“ со кој било бренд.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...