Свет

„Кока кола“ не се откажува од пластичните шишиња, луѓето ги сакале

22 јан 2020

„Кока кола“ нема да ги исфрли пластичните шишиња за еднократна употреба, затоа што потрошувачите сè уште сакаат да ги користат.

Потрошувачите ги сакаат пластичните шишиња затоа што се практични, можат да се затворат и се лесни, изјави за Би-би-си Беа Перез, шефица за еколошка одржливост во компанијата „Кока кола“

Оваа компанија, која е една од најголемите производители на пластичен отпад, вети дека ќе ги рециклира сите пластични шишиња што ќе ги користи до 2030 година.

Меѓутоа, борците за животна средина тврдат дека многу шишиња сепак ќе завршат во депониите.

Гигантот за пијалаци произведува околу три милиони тони пластична амбалажа годишно, односно 200.000 шишиња во минута.

Компанијата се обврза во своите амбалажи до 2030 година да користи најмалку 50% рециклиран материјал. Таа исто така најави соработка со невладини организации ширум светот за да се подобри собирањето на шишињата.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...