Свет

„Нестле“ продаде брендови сладоледи за 4 милијарди долари

16 дек 2019

Швајцарската групација „Нестле“ објави дека ги продаде своите брендови сладоледи во САД на групацијата „Фронери“. 

Групацијата настана откако „Нестле“ го спои своето работење со сладоледи во 20 земји низ Европа со компанијата „Р&Р“, подружница на француската компанија „ПАИ Партнерс“. Договорот вреден речиси 4 милијарди долари го вклучува и светски познатиот бренд Häagen-Dazs. Така оваа групација, со помош на операциите во Латинска Америка и во Азија, е еден од најголемите светски производители на сладолед кој остварува околу 2,6 милијарди евра промет годишно. 

Аквизицијата ќе го зголеми приходот од продажбата на компанијата „Фронери“ за дополнителни 1,61 милијарда евра годишно. 

Трансакцијата ќе биде завршена во првиот квартал од 2020 година. Брендовите кои се продадени се: Häagen-Dazs, Dreier's, Outshine, Skinni Cov, Edi's и Drumstick.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...