Компанијата „Нестле“ на малезискиот пазар го претстави првото KitKat чоколадно млеко во светот.
Произведено во фабриката во Шах Алам, ова чоколадно млеко е одраз на слоганот „Направено во Малезија за Малејзици“, се наведува во соопштението на компанијата.
Во „Нестле“, ние сме длабоко прилагодени на уникатните вкусови и преференции на Малезијците. Со оглед на растечкиот тренд на грижата за себе и зголемената побарувачка на потрошувачите за уживање, KitKat совршено одговара на нивните потреби. Нашиот посветен тим на иноватори имаше задача да го внесе вкусот на KitKat во секојдневните моменти во форма на пијалок. Резултатот е уникатен пијалок кој нуди посебно и возбудливо искуство, издигнувајќи ги обичните моменти во извонредни. Во денешниот свет со брз ритам, изнаоѓањето начини за релаксација е од суштинско значење, а нашиот чоколаден пијалок е дизајниран да ја поддржи оваа потреба, во секое време и каде и да е , изјави Хуан Аранолс, главен извршен директор на „Нестле Берхад“.
Тој додава дека оваа иновација е во согласност и со заложбите на компанијата за одржливост бидејќи е направен од какао од 100% одржливи извори, а исто така ова млеко е со ХАЛАЛ сертификат.
За да го одбележи лансирањето на овој производ, компанијата лансираше различни активации, во кои потрошувачите, меѓу другото, имаа можност да освојат различни награди и да го пробаат новиот производ.
Извор: InStore.rs
Фото: „Нестле“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.