Свет

Велика Британија: „Алди“ оствари рекордна продажба за Божик

10 Jan 2025

„Алди“ го забележа својот најдобар Божиќ  со продажба од 1,6 милијарди фунти во четирите недели пред Бадник.

Во овој период вкупната продажба на трговецот на мало се зголеми за 3,4% , додека продажбата на сезонски божиќни производи е зголемена за 10% во споредба со истиот период претходната година.

Компанијата, исто така, објави пораст на продажбата на свежи домашни производи, со рекордни 350.000 продадени мисирки, повеќе од 400 тони говедско месо и речиси 3 милиони парчиња прокељ.

Нашата понуда на извонредно квалитетни британски производи по неодоливи цени беше добитна комбинација овој Божиќ бидејќи купувачите сакаа да го прослават со стил, но без да имаат големи трошоци, изјави Џајлс Харли, извршен директор на „Алди“ – ОК.

Потрошувачите купиле и околу 50 милиони пити со мелено меси и околу 25 милиони виршли во тесто.

Најпрометниот ден, воедно и најпрометниот ден во историјата на компанијата, беше понеделникот, 23 декември, кога трговецот на мало пречека речиси 3 милиони купувачи.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Алди“ - ОК



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...