Свет

„Меркадона“ ги зголеми платите на своите вработени во Шпанија и Португалија

09 Jan 2025

Трговскиот синџир „Меркадона“ најави зголемување на платите од 8,5% за над 100.000 од своите вработени во Шпанија и Португалија.

 Од компанијата соопштуваат дека процентот на зголемување е збир од индексите на потрошувачите цени и бонусите за секоја држава.

Со ова зголемување, вработените во продавниците на „Меркадона“ во Шпанија и Португалија ќе добиваат  месечна бруго плата  од 1.685 евра во текот на првата година од работењето, што е за 27% повеќе од шпанската минимална интерпрофесионална плата (salario mínimo interprofesional) и 2.280 евра бруто месечна плата по поминување на четири години од работата во компанијата  , што е за 72% повеќе.

Компанијата исто така одлучи да додели дополнителен бонус за вработените, како и традиционален бонус заснован на  остварен учинок.

Овој бонус за вработените кои работат една година во компанијата изнесува една плата, додека по четири години се зголемува за двојно поголема месечна плата, а оваа година компанијата ќе им додели на сите вработени, без разлика на должината на работниот однос во компанијата, дополнителен бонус во вредност од една месечна плата.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Меркадона“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...