Свет

Велика Британија: „Дијаџио“ со помош на ВИ ги истражува трендовите кај коктелите

11 јун 2024

Компанијата „Дијаџио“ со помош на вештачката интелигенција преку алатката „ВИ палете“, ги претстави потрошувачките трендови за ова лето кои се однесуваат на коктелите.

Од компанијата соопштуваат дека оваа алатка ги идентификува трендовите и случувањата во секторот за храна и пијалаци преку следењето на глобалните разговори на социјалните мрежи.

 На начинот на кој денеска се дружиме влијаат многу фактори, како што се различните култури, почитувањето на природата, па дури и нашата желба за авантура. Користејќи го нашиот увид и вештачката интелигенција, успеавме да го следиме растот на овие трендови и да ги претставиме новите производи за да останеме релевантни за променливите вкусови на нашите потрошувачи, изјави Марк Сандис, директор за иновации во „Дијаџио“.

Под името „Флавор форекаст“, компанијата ги претстави петте постоечки трендови кај коктелите.

 

 Извор: „Дијаџио“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...