Вработените во синџирот на маркети „Лидл“ во Обединетото Кралство, на своите униформи ќе носат камери, со цел да се зголеми безбедноста на купувачите и на нивните колеги.
Компанијата ќе ги воведе безбедносните мерки со првична инвестиција од 2 милиони фунти, а опремувањето на вработените со камери треба да заврши до идната пролет.
Како бизнис со над 960 продавници низ целата земја, сигурноста и безбедноста секогаш се наш приоритет, изјави Рајан Мекдонел, извршен директор на „Лидл“-Велика Британија.
Фото: Lidl
Извор: Grocery gazette
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.