Свет

Секоја десетта компанија во Германија пред банкрот

18 ное 2022

Според податоците на консултантската фирма „Криф“, а на основа на проценката на податоците од милиони претпријатија, повеќе од 300.000 компании во Германија имаат финансиски проблеми. Односно, секое десетто германско претпријатие се наоѓа пред банкрот. 

Во октомври, 772 претпријатија паднаа под стечај, додека во септември во Германија истата судбина ја имаа 760 компании.Исто така, во ноември бројот на кандидати за стечај е зголемен за 15, одство во однос на март 2022 година.

Високите трошоци за енергија, постоечките проблеми во синџирот снабдувања и инфрлацијата претставуваат предизвици за многу компании, соопштија од „Криф“. И потрошувачите, поради наглиот пораст на трошоците за живот имаат се помалку пари на располагање. „Криф“ очекува банкрот на 14.000 претпријатија до крајот на годината, ама истакнува дека трендот ќе продолжи и во 2023 година кога бројот на таквите случаи би можел да достигне дури 17.000. 

Инаку, минатата година во Германија имаше најмалку банкрот од 1999 година кога е воведен актуелниот закон за несолвентност. Малобројноста имаше врска со тоа што во текот на корона кризата државата привремено ја суспендира обврската за поднесување барања за стечај во случај на презадолженост или неликвидност.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...