Свет

Нова линија од „Крогер“ за штедливи купувачи

15 сеп 2022

Американската компанија „Крогер“ претстави нова линија производи под брендот Smart Way која обединува 16 стари производи на компанијата под нов бренд.

Бидејќи нашите купувачи се соочуваат со постојана инфлација, знаеме дека сакаат да заштедат повеќе од колку кога било друг пат. 
Smart Way е возбудлива линија што ќе нуди нешто за секој купувач по пристапни цени
, соопштија од „Крогер“. 

Smart Way се придружува кон опсежното портфолио брендови на компанијата, што меѓу другите ги вклучува и брендовите Kroger, Simple Truth, Private Selection, Home Chef и Heritage Farm.

Консолидацијата на повеќе постоечки брендови осигурува дека купувачите кои бараат производи по пристапни цени можат лесно да го најдат на полиците тоа што го бараат. Сигурни сме дека има нешто за секој во Smart Way асортиманот, бидејќи линијата содржи производи што им се потребни на семејствата за подготвување оброци, соопштија од „Крогер“. 

Купувачите имаат на располгање околу 150 производи од оваа линија со пониски цени, а за кратко време се планира нивниот број да се зголеми.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...