Свет

„Кока кола“ ги повлече зелените шишиња на Sprite

05 авг 2022

Целта на „Кока кола“ да биде еколошки одржлива компанија го вклучува и чекорот на целосно повлекување на препознатливите зелени шишиња за пијалакот Sprite.

Од 1 овој месец, Sprite наместо во зелени се пакува во проѕирни шишиња, притоа задржувајќи ја суштинската зелена боја на капачињата и етикетите. „Кока кола“ го унапреди својот процес на рециклирање, а за да го рационализира дополнително, обоените шишиња треба да се одвојат од остатокот од купот за рециклирање со цел да се спречи погрешното обојување на собраната пластика. Одлуката првпат беше најавена во мај, кога Sprite го претстави својот редизајниран бренд - идентитет.

Претходно, шишињата Sprite можеа да се рециклираат само во облека, теписи и други ткаенини кои се многу потешки за повторно рециклирање. Сега, отстранувањето на зелената боја осигурува дека шишињата Sprite може да се рециклираат одново и одново за повторно да се користат како идно пакување.Проѕирните шишиња Sprite првично беа тестирани во неколку региони во САД и на некои пазари во Југоисточна Азија, Европа и Јужна Африка, а сега од 1 август се лансирани на глобално ниво.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...