Свет

„Шпар“ ќе штеди струја во маркетите

04 авг 2022

Синџирот супермаркети „Шпар“ во Австрија поради енергетската криза одлучи да спроведе мерки за штедење. Раководството на  „Шпар“ нареди намалување на осветлувањето во своите 800 објекти, со цел да се спроведат мерки за заштеда на електрична енергија.

Во објектите „Шпар“, „Еурошпар“, „Интершпар“ и „Максимаркт“ светлата се исклучуваат порано од претходно, надворешното осветлување е вклучено многу пократко – непосредно пред отворањето и по затворањето, пренесе „Танјуг“.

Досега вообичаено беше да се вклучува надворешното осветлување од 6 до 22 часот, во зависност од светлината. Со исклучување на осветлувањето се очекува значително намалување на потрошувачката на електрична енергија за околу еден милион киловат часови годишно.

Ова, како што се наведува во соопштението, одговара на годишната потрошувачка на електрична енергија на 250 домаќинства.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...