Свет

„Нилсен IQ“ ја пресмета годишната инфлација во FMCG - секторот

06 јул 2022

Цените на производите за широка потрошувачка пораснале за 6,9 отсто на годишно ниво ширум Европа и на 7,5 отсто на годишно ниво во Велика Британија. Според најновите податоци на агенцијата „Нилсен IQ“, на 32 европски пазари, повеќе од осум категории стока за широка потрошувачка од десет покажаа зголемување на стапката на инфлација во период од 12 недели кои завршија во април 2022, во споредба со истиот период минатата година. 

Во првите три категории со најголем пораст на цените на европските пазари спаѓаат расиплива храна (+8,8 отсто), конзервирана храна (+8,7 отсто) и храна за домашни миленици (+8,6 отсто). ЗАд нив се безалкохолни пијалаци (+7,3 отсто), средства за чистење дома (+5,7 отсто) и замрзната храна (+5,4 отсто). Најмал раст од 1,9 отсто имаат алкохолните пијалаци. 

Меѓугодишната инфлација надмина 10 отсто на неколку пазари во северна и во источна Европа, а се чини дека е трајна, соопштија од истражувачката агенција. 

Податоците покажаа и дека инфлацијата влијаеше на промотивните активности на FMCG производите, при што 58 отсто европски земји го намалија процентот артикли на промоција во периодот од 12 недели. Во 2021, промоциите сочинуваа 28,2 отсто продажба во категорија, во споредба со 25 отсто во 2020 година. 

Обемот на продажбата опадна во сите категории стока за широка потрошувачка во супермаркетите во Обединетото Кралство во последните четири недели, кои завршија на 18 јуни 2022. Купувачите разгледуваат поевтини алтернативи за оброци, со зголемување на продажбата на смрзната живина (+12 отсто), житарки (+11 отсто), конзервиран грав и тестенини (+ 10 отсто), сосови (+9 отсто) и конзервирано месо (+ 9 отсто). 

Продажбата на сите видови тестенини во овој период порасна за 31 отсто, покажуваат податоците. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...