Свет

„Диа“ лансираше производи за лична нега

28 јун 2022

Шпанскиот трговец „Диа“ лансираше нова палета производи за лична нега, под брендот IMAQE Naturals, направена од 99 отсто состојки од природно потекло и прилагодена за веганите.

Трговецот користеше одржлив производство во нејзиниот развој со што спречува емисија на 224 тони јаглерод диоксид годишно. Сертифицираните природни козметички производи се состојат од состојки кои потекнуваат од обновливи извори и еколошко прифатливи извори. Покрај тоа, пакувањето може 100 отсто да се рециклира и не содржи петрохемиски состојки како што се парабени, синтетички ароми и бои или феноксиетанол.

Во новата линија има производи за нега на кожа и на коса.  Асортиманот го сочинуваат два цврсти шампони, еден со екстракт на авокадо и боровница и еден со екстракт на канабис, додека останатите производи вклучуваат средство за пилинг, мицеларна вода, серум за лице, хидратантна крема за лице и крем за сончање со минерален филтер. 

 

 

 

 

 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...