Свет

„Лидл“ ја унапреди понудата за веганите

29 јун 2022

Дисконтерот „Лидл“ - Белгија го проширува својот вегански и вегетаријански асортиман како одговор на променливите барања на купувачите и падот на потрошувачката на месо. 

Трговецот соопшти дека купувачите се повеќе преферираат растителни алтернативи на месо, при што нивната продажба порасна за 60 отсто меѓу 2017 и 2020 година. Во соопштението се додава дека овој пораст продолжува и денес, а „Лидл“ сака да ги искористи тие промени во вкусовите на потрошувачите. 

Според истражувањата, секој трет белгиски купувач барем по еднаш седмично јаде вегетаријанска храна, додека 4 од 10 потрошувачи кои јадат месо се изјасниле дека во иднина сакаат да ја намалат неговата употреба. ЗА да ги искористи овие трендови, „Лидл“ - Белгија го прошири својот асортиман со замена за месо на растителна основа, со дополнителни 73 достапни вегански и вегетаријански СКУ. Овој број наскоро ќе се зголеми за уште 10 отсто. 

Откако „Лидл“ влезе на белгискиот пазар пред 25 години, овој синџир настојуваше постојано да ја унапредува својата понуда за веганите и вегетаријанците. Целта на трговецот е до 2025 година да ја удвои продажбата на овој асортиман. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...