Свет

Кина откупи речиси половина од залихите на храна во светот

10 јан 2022

Кина во своите складишта држи 69 отсто од светските залихи на пченка, 60 отсто ориз, 51 отсто пченица и над 30 отсто соја. Во 2020 година Кина купи храна во вредност од рекордни 98,1 милијарди долари. Во текот на изминатата деценија увозот во земјата порасна за 360 отсто, процени американското Министерство за земјоделство.  

И кинеските официјални лица потврдија - државните залихи на храна достигнаа историски максимум. Според нив, залихите на пченица ги покриваат потребите за една ипол година. Од таму велат дека активните набавки на храна се принудна мерка, бидејќи домашното производство стагнира од 2015 година, приносите се лоши, меѓу другото, и поради загадената почва, а фармерите мигрираат во големите градови. 

Светските медиуми анализираат и дека зголемувањето на залихите на храна во Кина може да е поврзано и со други причини: земјата се осигурува од трговска војна, од продолжување на пандемијата, од слаба жетва или од последиците на енергетската криза. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...