Свет

„Карфур“ поставува киосци за рециклирање паметни телефони

25 ное 2021

Францускиот малопродажен синџир „Карфур“ се здружи со технолошките компании „Бек маркет“ и „екоАТМ“ за да им понуди на потрошувачите услуга за рециклирање паметни телефони.

Повеќе од 50 киосци веќе работат во хипермаркетите и супермаркетите на трговецот во Франција, а уште 135 ќе бидат во функција до крајот на годинава.

Со новото партнерство правиме уште еден чекор кон циркуларна економија и ја зајакнуваме посветеноста на одржливиот развој, изјави Елоди Пертуизо, извршна директорка за е-трговија, податоци и дигитална трансформација во „Карфур“.

Таа додава дека партнерството има цел да ја подигне свеста на луѓето за циркуларната економија во Франција, охрабрувајќи ги да ги препродаваат старите паметни телефони.

Киосците за рециклирање се наоѓаат во продавниците на „Карфур“, каде што купувачите можат да ја проценат вредноста на старите телефони и веднаш да ги заменат за ваучери со подарок од трговецот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...