Свет

„Кооп“ ја отстрани пластиката од божиќниот асортиман

24 ное 2021

Британскиот трговец „Кооп“ објави дека ја отстрани пластичната амбалажа од целиот овогодишен асортиман за Божиќ. 

Иницијативата го вклучува асортиманот хартија за пакување без пластика, со што продавачот успеа да отстрани речиси милион парчиња пластика како од амбалажата, така и од производите. Освен тоа, хартијата за украсување подароци може целосно да се рециклира. Ќе се продаваат и новогодишни честитки и додатоци од декоративна хартија што се 100 отсто погодни за рециклажа, а сите украсни панделки се направени од материјал без пластика, на база на целулоза. 

Како што соопшти трговецот, и рачките на вреќичките сега се направени од хартија или се од некоја друга алтернативна и одржлива опција. Отстранета е пластиката и направени се картонски подножја и за асортиманот на брендот Irresistible Chocolate.

За потсетување, „Кооп“ годинава покрена една од најобемните шеми за рециклирање пластични кеси и амбалажа во продавниците ширум Европа. Како дел од иницијативата, трговецот инсталираше единици за рециклажа на „мека пластика“ во повеќе од 1.500 продавници, чиј број до крајот на декември треба да достигне 2.300 продавници.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...