Свет

ЕУ: Наскоро измени на ознаките за рокот на траење на храната

26 окт 2021

Кај многу прехранбени производи ќе дојде до промена на датумот на рокот на траење со цел да се спречи непотребното фрлање храна, при што Европската унија планира нов закон за трговија кој би требало да стапи на сила во следните неколку месеци. 

Првата измена во новиот закон ќе биде насочена кон храната која има посебно долг рок на траење. Имено, ако правилно се складира, храната со посебно долг рок на траење нема да ја има ознаката „да се употреби до..“ која го означува крајниот препорачан датум до кој потрошувачите можат да јадат храна со добар квалитет. Станува збор за производи како ориз, тестенини, кафе или масло. Другата промена со однесува на ознаката „најдобро да се употреби до...“, која го означува датумот до кога храната е на својот врв по вкус и квалитет. Оваа ознака би требало да биде изоставена или заменета со друга ознака, како „често пати е добри и по истекот...“. 

Меѓутоа, ќе остане рокот за употреба на свежата храна како што е месо, риба и други расипливи производи. 

Според истражувањата, само во Германија секоја година се фрла по околу 12 милиони тони храна. Другиот дел отпаѓа на големите корпорации кои веќе не можат да ги продадат своите производи откако ќе им истече рокот на употреба. на пример, „Унилевер“ од 2019 година ја поддржува ознаката „често е добро и по рокот...“ 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...