Свет

Во декември ќе се одржи меѓународниот саем ПЛМА

24 сеп 2021

Меѓународниот саем ПЛМА  „World of Private Label“ (Светот на приватните трговски марки) ќе се одржи на 14 и 15 декември во Амстердам, потврдија организаторите. Ова следува откако холандската влада најави ублажување на мерките и ограничувањата против пандемијата. 

Се радувам што ќе го чујам џагорот и на лични средби ќе ги видам излагачите и посетителите. На сите ни недостига таа енергија и динамика на саем во живо, изјави Пеги Дејвис, претседателка на ПЛМА. 

Досега како излагачи се регистрирани повеќе од 1.700 производители на приватни трговски марки од 65 земји. Организаторите до декември очекуваат околу 2.000 излагачи, вклучувајќи 45 национални и регионални штандови од 30 земји.

На саемот ќе бидат претставени прехранбени производи од различни категории: свежа и замрзната храна, основни намирници, напитоци, козметика, производи за домаќинство, опрема за лична заштита....Посебен дел ќе биде посветен на трговските марки од органско и растително потекло, кои инсистираат на одржливост. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...