Свет

Русија ја продолжи забраната за увоз на храна од ЕУ и од САД

23 сеп 2021

Рускиот претседател Владимир Путин го продолжи ембаргото за увоз на храна од ЕУ и САД до декември 2022 година, со што Москва возврати на санкциите на Западот против Русија поради анексијата на Крим.

Москва забрани увоз на млечни производи, месо, овошје и зеленчук, и, според официјалниот декрет, забраната ќе биде продолжена, бидејќи Русија мора да ги заштити своите национални интереси.

Путин постојано повторува дека ембаргото ќе ја подобри самодоволноста на Русија, на пример во млечната индустрија, и со тоа ќе ја намали зависноста од увезената стока.

Покрај ЕУ и САД, ембаргото ги опфаќа Австралија, Канада и Украина.

Многу производи од Западот продолжуваат да го наоѓаат својот пат до Русија, и покрај забраната, како што е сирењето од Италија и Франција, многу популарно меѓу најбогатите московјани.

Русија досега уништила тони храна за да спречи такви активности на црниот пазар, пренесоа новинските агенции.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...