Свет

Сопственици на супермаркети се најбогато семејство во светот

21 сеп 2021

Магазинот „Блумберг“ објави рејтинг на најбогатите семејства во светот. На прво место е семејството Волтон со богатство од 238,2 милијарди долари.

Семејството Волтон ги поседува супермаркетите „Волмарт“ Во последните 12 месеци нивното богатство се зголеми за 12 милијарди долари.

На второ место е семејството Марс (141,9 милијарди долари), кое ги произведува кондиторски производи „Марс“.

На третото место е семејството Кох („Кох индустри“) со богатство од 124,4 милијарди долари.

Меѓу првите 25 најбогати семејства е индискиот клан Амбани („Релианс индустрис“) со 93,7 милијарди долари, француското Вертемерс кои го поседуваат „Шанел“ (61,8 милијарди долари).

Исто така, на листата е семејството Ерме (кое го поседува модниот бренд „Хермес“) со111,6 милијарди долари, како и кралското семејство на Саудиска Арабија со 100 милијарди долари.

Според „Блумберг“, богатството на 25 -те најбогати семејства во светот изнесува 1.700 милијарди долари – тоа е за 22 проценти повеќе (312 милијарди долари) отколку претходната година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...