Свет

Финска: Варено вино од стари јаболки

20 сеп 2021

Финскиот трговец „Кеско“ наскоро ќе лансира варено вино направено од стари јаболки кои инаку би завршиле во отпад. 

Производот ќе биде дел од линијата сокови Hyvis, за чие производство ќе се користи овошје и зеленчук кое може да се јаде, но поради изгледот не се смета соодветно за продажба во супермаркетите. Пијалакот Hyvis Glögi ќе биде направен од јаболко што не може да се најде на полиците во маркетите. Првата серија ќе биде претставена есенва во продавниците на „Кеско“.

Од трговскиот синџир соопштија дека однапред продале 9.000 шишиња од новиот бренд. 

„Кеско“ активно работи на намалување на отпадот од храна, кој е голем глобален проблем. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...