Свет

Следната недела ќе се одржи саемот WorldFood Moscow

17 сеп 2021

Од 21 до 24 септември во Москва ќе се одржи саемот WorldFood Moscow, водечки сезонски меѓународен саем за храна и пијалаци.  

Изложбениот простор е на површина поголема од 58.000 квадратни метри, во рамки на саемскиот изложбен простор „Крокус експо“ во главниот град на Русија. Досега учество пријавиле повеќе од 600 компании, од кои 110 за првпат ќе изложуваат на овој саем. Освен од регионите во Русија, пријавени се изложувачи од повеќе од 30 земји во светот, меѓу кои Азербејџан, Чиле, Чешка, Египет, Италија, Кореја, Перу, Полска, Србија, Словачка, Турција... 

World Food Moscow оваа година има јубилеј - одбележува 30 години од постоењето. Минатата година, саемот го посетија над 30.000 посетители кои имаа прилика да ја погледнат производствената програма на повеќе од 1.760 излагачи од 65 земји во светот.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...