Свет

„Кауфланд“ и „Лидл“ презентираат рециклирани пластични производи

14 сеп 2021

Малопродажните синџири „Лидл“ и „Кауфланд“, дел од групацијата „Шварц“, во соработка со PreZero, презентираа производи за домаќинство со приватна етикета изработени од 100% рециклирана пластика.

Иницијативата е дел од стратегијата REset Plastic на „Шварц груп“, која има за цел да ја намали употребата на пластика од категоријата на приватните трговски марки во Германија.

Претходно оваа година, „Лидл“ - Италија ја претстави својата прва линија производи за домаќинство во пакување направено од 95% рециклирана пластика од PreZero.

Во Германија, „Кауфланд“ веќе лансираше производи за чистење на домаќинствата, додека „Лидл“ ќе го претстави асортиманот во продавниците и преку интернет од 27 септември.

Групацијата „Шварц груп“ објави дека во иднина ќе продолжат да го прошируваат асортиманот на производи изработени од рециклирани материјали, што ќе ги приближи до нивната визија и нивната стратегија REset Plastic - „Помалку пластика - затворени циклуси“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...