Свет

„Од фарма до виљушка“ станува Кодекс на однесување

24 авг 2021

ЕУ воведе Кодекс на однесување за одговорни бизнис-активности и маркетинг-практики во прехранбената индустрија, како дел од „Европскиот зелен договор“ и стратегијата „Од фарма до виљушка“.

Кодексот беше потпишан од Еврокомисијата и од засегнатите страни во индустријата – производители на прехранбени производи и трговци, вклучувајќи ги „Ахолд Делез“, „Карфур“, „Колрајт“, „Кооп“ – Италија, „Ероски“, „ИЦА групен“, „Жеронимо Мартинс“, „Реве“, „Сонае“ и „Теско“.

Документот содржи серија доброволни обврски за сите што се вклучени во синџирот на набавка и има цел да промовира промена кон поздрави модели за потрошувачите и поеколошки методи на производство.

Во Кодексот на однесување има седум амбициозни цели, кои ги опфаќаат трите столба на одржливост (еколошка, социјална, економска): (1) Здрава, урамнотежена и одржлива исхрана за сите европски потрошувачи; (2) Спречување и намалување на загубите и отпадот од храна; (3) Климатски неутрален синџир на исхрана во Европа до 2050 година; (4) Оптимизиран и циркуларен синџир на исхрана, ефикасно користење на ресурсите; (5) Непрекинат, инклузивен и одржлив економски пораст, вработување и пристојна работа за сите; (6) Создавање одржлива вредност на европскиот синџир на снабдување со храна преку партнерства и (7) Одржливо снабдување во синџирите за набавка на храна.

Како што е наведено во соопштението, и други асоцијации и компании од прехранбениот сектор се поканети да се приклучат на Кодексот на однесување, иницијатива за која Комисијата смета дека ќе ја смени играта.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...