Свет

„Кока кола“ ќе има прв алкохолен пијалак

09 јун 2021

Кинеската подружница на „Кока кола“ најави дека ќе го пушти во продажба својот прв алкохолен пијалак во Кина.

Станува збор за пијалакот Topo Chico Hard Seltzer односно алкохолна газирана сода.

Овој потфат е дел од планот на компанија која сака да го зголеми своето присуство на кинескиот пазар и да ја зголеми вредноста на своите акции на таа територија.

Овој пијалак е веќе пуштен во продажба во Латинска Америка и Европа и меѓу другите состојки содржи ниско-процентна база на алкохол без глутен, газирана вода, малку шеќер и нула маснотии.

Во овој пијалак има 4,7 проценти алкохол. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...